Запленет е пиштол и муниција коишто биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце.
Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм.
Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава.
Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција. Во оваа насока донесена е Стратегија и Акционен план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје.