Инцидент во Велес. Во Основното училиште „Васил Главинов“ , шестоодделенец врзал соученик со лисици и му вперил пластичен пиштол, што предизвикало паника меѓу учениците и наставниците. Настанот бил пријавен во полиција во 10:00 часот, по што веднаш биле повикани надлежните институции.

Според информациите од СВР Велес, пластичниот пиштол бил одземен и испратен на вештачење. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи, а по целосна истрага ќе биде поднесен соодветен поднесок.

16-годишник со „Ауди“ удрил во бетонска ограда – тешко е повреден

Директорот на училиштето, Драги Коцевски, изјави дека ученикот ги донел лисиците и пиштолот во училницата, а инцидентот се случил за време на училишниот одмор. Дежурниот наставник веднаш го алармирал раководството, а ученикот потоа го фрлил пиштолот и побегнал дома.

Полицијата пристигнала веднаш по пријавата, а родителите на ученикот биле повикани на разговор. Случајот е во рацете на надлежните служби, кои ќе ја утврдат понатамошната постапка.

Извор: Нова Македонија