– Ракетата Симорг (Феникс) пренесе сателитски истражувачки инструменти на височина од 470 километри, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Портпаролот Ахмад Хусеини го пофали лансирањето како големо достигнување за Исламската Република, пренесува новинската агенција ИРНА.
Не се објавени други детали за мисијата.
Според иранската влада, сателитите ќе собираат податоци за временските услови, природните катастрофи и земјоделството. Тие не служат за воени цели и затоа не ги прекршуваат меѓународните договори, тврди Техеран.
Сепак, САД и Израел ја критикуваа сателитската програма на Иран. Тие стравуваат дека Иран би можел да користи вселенска технологија за да изгради воени ракети со долг дострел.