Командантот на иранската револуционерна гарда Ахмад Хаџијан изјавил дека се приведени 11 членови на екипажот, но не кажа за која националност или за кој брод станува збор.
„По увидот, откриени се повеќе од 150.000 литри шверцуван дизел“, изјави Хаџијан, цитиран од иранската државна телевизија.
Полуофицијалната новинска агенција Фарси, блиска до Иранската револуционерна гарда, објавила видео на кое се гледа како глисери пресретнуваат брод на кој потоа се качиле војниците.
Иран, каде што цените на горивото се меѓу најниските во светот поради големите извори на нафта, државните субвенции и поевтинувањето на националната валута поради американските санкции, се бори против шверцот на гориво по копно во соседните земји и по море до богатите монархии во Персискиот залив.
Иран често запира бродови кои наводно се користат за шверц на гориво.
Хаџијан рече дека неговата единица „одлучно ќе се бори“ против шверцот на море за да ја заштити иранската економија.
Претходно официјалната новинска агенција ИРНА објави фотографија на која се гледа, како што наведоа, странски брод кој превезува гориво.