Тројца туристи од Македонија кои летувале на Кавос, на грчкиот остров Крф се исчезнати и ги нема два дена, неофицијално од туристи од Македонија дознава ТВ21.
Водичот на македонската агенција „Рапсоди Травел“ ги информирал дека тројца од групата која пред 9 дена замина од Македонија на Кавос ги нема и не одговараат на нивните телефони, дури во вибер групата, којашто патем утрово ги напуштиле собите и треба да се вратат дома, објавиле и фотографии од собата во која биле сместени трите млади лица каде на неколку места имало и крв и ги немало нивните куфери.
Исчезнувањето е пријавено на грчката полиција, која пак по службена должност треба да го извести нашето конзуларно претставништво во Грција, а тие македонското МНР.