Екипите на ЈП.„Охридски комуналец” по добиен налог од општинскиот инспекторат расчистија уште една дива депонија лоцирана во населба Даљан, во непосредна близина на крајбрежниот појас.
Притоа се подигнати дури 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, стари пневматици од возила и друго. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.
За жал, локацијата често се злоупотребува од несовесни граѓани за ненаменско депонирање стара покуќнина и друг цврст отпад.
„Охридски комуналец“ и овојпат апелира до граѓаните за сите потреби што ги имаат за депонирање кабаст и зелен отпад да се јават во комуналното претпријатие на дежурниот телефон што е достапен секој ден во неделата, од 7 до 21 часот.