Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовки информираше дека жител на Скопје Север исекол столб за улично осветлување за да си изгради настрешница на диво.
Тој најави дека во понеделник ќе има интервенција на службите, како и кривична пријава за сторителот.
„Скопје Север, општина Бутел. Узурпирал државен имот, поставил дивоградба и исекол столб од општинско осветлување. Во понеделник следи брза и одлучна акција за отстранување на дивоградбата и секако кривична пријава за сторителот. Со вакви чинови, не можеме напред, апелирам на разум. Нема да дозволам локални шерифи да продаваат сила која во основа е грубо кршење закон“, објави Костовски.
