Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во кариерата и обезбеди настап на главниот турнир на Вимблдон. Таа стана првата тенисерка од Македонија што ќе игра во главната ждрепка на престижниот гренслем во Лондон.
Македонската тенисерка до историскиот пласман стигна со убедлива победа во финалното коло од квалификациите. Ѓорческа ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:2.
Од почеток до крај, Ѓорческа го контролираше натпреварот и не ѝ дозволи на противничката да се врати во игра. Со сигурна и доминантна игра, таа го завери пласманот меѓу најдобрите на еден од најпрестижните турнири во светот.
Овој резултат претставува огромен момент за македонскиот спорт и за македонскиот тенис. За првпат една тенисерка од Македонија ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон.
Пласманот во главната ждрепка ѝ носи на Ѓорческа и значајна финансиска награда. Со самото учество меѓу најдобрите на Вимблдон, таа веќе има обезбедено 100.000 долари.
Името на противничката во историскиот меч на терените во Лондон Ѓорческа ќе го дознае на утрешната ждрепка.
