Италијанските ресторани и барови се отворени од 1 јуни, а услугата со храна е повторно дозволена. На спортските стадиони е дозволено присуство на гледачи до 25 проценти од капацитетот. Полицискиот час од 7 јуни ќе биде одложен за еден час, односно, наместо во 23:00 часот, што е случај сега, тој ќе почнува на полноќ и ќе трае како и досега до 5 наутро. Предвидениот датум за укинување на оваа мерка е 21 јуни.
Три региони веќе станаа „бели зони“ – односно категорија со најнизок ризик – и се очекува од 7 и 14 јуни на оваа листа да бидат приклучени и друг региони, вклучувајќи ги градовите Рим и Милано.
Од 9 јуни во Франција ќе бидат во сила поблаги мерки, а најзначајна промена е поместувањето на почетокот на полицискиот час. Во моментов, полицискиот час е од 21 до 6 часот наутро, а од 9 јуни ќе започне два часа подоцна – од 23 часот.