Информацијата на Фејсбук ја објави министерот за здравство, Роберто Сперанца.
Во моментов, сите италијански региони, со исклучок на Вале д’Аоста во северозападниот дел на земјата, припаѓаат на „белите зони“ со најмали ограничувања против Ковид-19. Регионот Вале д’Аоста исто така се очекува да биде во „бела зона“ од следниот понеделник. Италијанците сепак ќе мора да носат маски во затворено, во јавен превоз и кога социјално растојание не е можно.
Останува сегашното правило, според кое клиентите во рестораните можат да ги симнуваат маските само кога седат. Првично, италијанската влада вети дека ќе ги укине условите за задолжително носење маски во средината на јули.