Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани.

За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група.

Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент.

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, вчера објави дека неговата партија нема да номинира кандидат за претседател на Националното собрание, туку само заменик претседателката Росица Кирова, која до пред неколку месеци беше активист на „Има таков народ“ од Видин, но беше исклучена од партијата заради средба со тогашниот бугарски премиер Борисов за време на неговата посета на регионот.