Изет Меџити обелодени обиди за поделба на коалицијата  „Вреди“

Лидерот на Демократското движење и вицепремиер во Владата, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма откри дека добил понуда за враќање во ДУИ. Тој рече дека му било предложено да ја напушти коалицијата „Вреди“ и да ја преземе контролата врз ДУИ.

Според Меџити, посредниците кои стапиле во контакт со него ветиле дека партијата ќе биде темелно реформирана. Тие го убедувале дека лидерот Али Ахмети набрзо ќе замине во пензија, што ќе овозможи простор за внатрешни промени во ДУИ.

„Имаше и се уште има сериозни обиди за поделба на ‘Вреди’. Добив понуда преку посредници кои ми рекоа дека сега, кога Артан веќе не е таму, можеме заеднички да ја реформираме партијата. Ахмети набргу ќе замине, па јас би можел да ја преземам контролата. Но, јас тоа не го прифатив, затоа што веќе избрав да бидам дел од промената преку коалицијата ‘Вреди’“, нагласи Меџити.

Тој додаде дека, за разлика од него, Арбен Таравари, прифатил некоја од понудите која носи поделба на коалицијата „Вреди“.

Извор: Expres