Лидерот на партијата „Демократско движење“ која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека техничкиот премиер Талат Џафери се однесувал како млада невеста.
„Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор“, рече Меџити.