Претседателката на општинската изборна комисија, Моника Костова, информира дека гласањето се одвива непречено, без какви било неправилности, а сите 47 избирачки места на територијата на општината се отворени навреме.
-Во оваа општина правото на глас во текот на вчерашниот ден го искористија 265 изнемоштени и болни лица, додека во согласност со мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 вкупно 29 Ковид-позитивни лица гласаа во домашни услови, изјави Костова.
На овие локални избори во Крива Паланка граѓаните одбираат помеѓу четири кандидати за градоначалник и исто толку листи за советници во општинскиот совет.