Германското МВР соопшти дека правилата веќе стапиле на сила од први јуни, со што веќе се уредени прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан.
Со новото правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно.
Новиот закон во Германија ги олеснува процедурите за вработување работници кои живеат во земји кои не се во Европската Унија и овозможува престој во Германија до 12 месеци, само за барање работа.
Досега граѓаните од регионот можеа да останат во Германија најдолго три месеци.
Во Германија моментно недостасуваат околу 1,7 милиони работници во индустријата, мајстори и медицински персонал.