Во Израел, над 57 проценти од граѓаните примиле барем една доза вакцина за коронавирус, а од утре ќе се укине обврската за носење маски на отворено.
Сè уште ќе биде задолжително да се носи маска во затворен простор, пренесува „Харец“.
Според Министерството за здравство, барем една доза од вакцината ковид примиле 5,34 милиони Израелци, или скоро 57,5 проценти од населението.
Во земјата во моментов има 2.680 активни случаи.