Министерството во април соопшти дека испитува мал број на вакви случаи меѓу вакцинирани со вакцината на Фајзер/БиоНтек. Американскиот центар за контрола на болести на почеток од месецов дадоа слично соопштение.

-Конечниот извештај ќе го објавиме и во него ќе биде наведено дали навистина постои врска меѓу вакцината и овие компликации. По објавување на извештајот на Израелците ќе им биде дадена најодговорна препорака која можеме да ја дадеме и од родителите ќе зависи дали ќе ги вакцинираат своите деца, вели Алрој-Преис.

Посочува дека штом ова биде одобрено ќе го вакцинира својот 15 годишен син.