Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани.
На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет влез во еврејската држава.
На посетителите од земјите означени од министерството како „црвени“ сè уште им е забрането да доаѓаат.
Израел ги отвори своите граници за странски туристи на почетокот на ноември за првпат од почетокот на пандемијата, но им забрани на странците да пристигнуваат подоцна истиот месец во обид да го забави ширењето на новата,могу заразна варијанта омикрон.
Врз основа на денешната препорака, Канада, Франција, Јужна Африка, Унгарија, Нигерија, Шпанија и Португалија се отстранети од списокот на таканаречените „црвени земји“, додека влезот сè уште е забранет за туристи од Велика Британија и од САД.