„Ќе се реализираат околу 600 нови приклучоци на водоводниот систем Лукар.Проектот чини 700 илјади евра, а ќе се реализира во три фази. „После 20 години за прв пат општината реализира ваков поголем проект за водоснабдување надвор од градот. Моја лична тенденција е сите викенд населби да добијат водоснадување и канализациона мрежа“ рече во изјава за КТВ, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Тој најави дека од почетокот на следната недела почнува реконструкција на патот од Дреново до регионалниот пат во должина од околу 4 км. И овој проект е дел од ТАФ програмата.“, рече градоначалникот Јанчев.