Директорот на Бирто за Јавна Безбедност (БЈБ), Александар Јанев беше во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што оствари средби со високи полициски претставници од Абу Даби и Дубаи.

Тој потенцира дека разговарале за продлабочување на полициската соработка и размена на искуства, особено во областите каде што ОАЕ постигнуваат напредни резултати во безбедноста и јавниот ред.

„Фокусот беше ставен на технолошкиот развој, дигитализацијата и примената на вештачка интелигенција во полицијата. Ја посетив и „паметната полициска станица“, која е пример за модерни ИТ решенија што ја зголемуваат транспарентноста и ефикасноста. Договоривме воспоставување контакт точки и заеднички активности во области како финансиски и крипто измами, организиран криминал, недозволена трговија и Е-криминал, како и размена на полициски службеници за обуки“, овјави Јанев.

Првиот човек на БЈБ додаде дека се сретнал и со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал Раиси, со кого разговарл за унапредување на меѓународната соработка и активното учество на македонската полиција во оперативните задачи.

Посетата претставува нов поттик за посовремена, поефикасна и побезбедна полициска служба во интерес на сите граѓани, рече Јанев.