Тужбата Јанева ја поднела бидејќи во декември минатата година, обвинителката Русковска, гостувајќи во телевизиска емисија, кажала дека Јанева земала пари во повеќе случаи за повлекување на барање за притвор. Обраната тврди дека екс шефицата на СЈО не земала пари ниту за случајот „Рекет“, ниту пак за некој друг случај.
Денеска во Основниот суд Скопје 2 се одржало ново рочиште на кое не се појавила обвинителката Русковска, но нејзиното присуство не е задолжително, поради што судењето се оддржало.
На денешното рочиште сведочеа членови на Државниот завод за ревизија, кусо изјави за „Фокус“ адвокатот Лазар Јанев, кој е и син на Јанева.
На денешното рочиште не се појавила ниту обвинителката Ивана Трајчева која требало да сведочи.