– Тоа ни се јавува со имплементацијата и овој пат со Изборниот Законик. Видете 16.02.2020 година Изборниот Законик е објавен во Службен весник, од 16.02.2020 година до денес е поминато една година и еден месец. Никој не си зема засходно да подготви услови за имплементација на тоа што е предвидено во Изборниот Законик. Што е предвидено во Изборниот Законик? Во Изборниот Законик е предвидено од првите избори без разлика какви, без разлика вонредни, редовни, локални, претседателски, парламентарни, по парламентарните избори во 2020-тата година задолжително да се користи фингерпринт, истакна Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Алфа телевизија.

Јанушев додаде дека апаратите за фингерпринт не беа ниту во Буџетот предвидени, ниту кога се праќаа барања некој се најде засходно од другата страна да одговори на тие барања.

– До ден денес се влечеме за тоа. Зошто? За тоа што во членот 43 од Изборниот Законик е наведено дека Министерството за внатрешни работи до ДИК ги доставува неопходните податоци и фотографии од граѓаните. И сега некој паметен таму вели тука не пишува отисок за прсти. Да, не пишува, но дали пишува матичен број, дали пишува адреса, дали пишува име и презиме, дали пишува татково име, дали ги пишува сите останати податоци кои што досега МВР ги доставува, па не пишува. Тоа е дадено во делот на следните членови, 44, 45, 46 и подоле во самиот Законик каде што е предвидено што се содржи Избирачкиот список односно изводите од Избирачки списоци кои што ги имаме на избирачките места. И сега ако вие одите по таа логика ние можеме не до утре сабајле, до следната година да наоѓаме рачки и пречки зошто тоа да не се спроведе, рече Јанушев.

Пратеникот во текот на гостувањето се осврна и на владејачкото мнозинство во Собрание кое што тешко да се собере за да се изгласаат законите кои се во корист на граѓаните.

– Немаат мнозинство, неколку ситуации кои им успеаја да го соберат тоа мнозинство што сакаат во јавноста да го прикажат дека е стабилно, дека нема никаков проблем го немаат и тоа ги прави нервозни во однос на нивното делување. Ние како пратеници и како политичка партија не планираме да бидеме спотери во тоа Собрание и да бидеме таму кога на нив нешто им се сака да биде изгласано. Од друга страна никогаш нема да си дозволиме не само како политичари и пратеници, туку и пред се како луѓе. Но, кога станува збор за нешто што е од огромен интерес на граѓаните како во случајот петтиот сет на пакет мерките за справување со корона кризата да правиме проблем за добробит на граѓаните, напротив и предлогот кој што впрочем и го дадовме сметам дека беше сосем на место, значи да се стават таму оние неколку точки односно тие законски решенија кои што треба да поминат како дел од пакетот мерки дека без разлика што немаат мнозинство, бидејќи се што е добро за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи. А, нормално дека доколку сакаат се она останато го тераат како нивна партиско – владина агенда дека тогаш ќе треба да си обезбедат мнозинство во Собранието, рече Јанушев.