Јанушев потенцираше дека вакцинацијата се одвива премногу споро и дека голем дел од граѓаните се уште не се ниту во план да бидат повикани на вакцинација, бидејќи напливот на закажани термини е огромен, а вакцини доволно нема. Тој додаде дека премиерот Зоран Заев денес се вакцинирал, но не бил вакциниран само тој, туку биле вакцинирани и голем дел на вработени во Владата и блиски на функционерите кои што се соработници на Заев.
-Не е во ред покрај премиерот да се протнуваат и луѓе кои што треба да почекаат во редот на вакцини, бидејќи најприоритетни треба да бидат оние лица кои што се во поодминати години и со коморбидитети, а не оние кои што се блиски на премиерот. Секој граѓанин се грижи за сопственото и за здравјето за своите најблиски. Сите животи се подеднакво значајни и важни, не се животите на функционерите поважни од оние на обичните граѓани. Заев денес докажа дека елитата која што го опкружува му е поважна од сите други граѓани, вели Јанушев.
Зоран Заев како премиер требаше да се вакцинира и добро е што тоа го стори, ако се прашувам јас, требаше да се вакцинира прв и да покаже дека вакцините се безбедни. Тоа не значи дека требаше и да ги запише на списоците сите негови соработници и партиски пријатели, додека обичните граѓани чекаат во редици и се туркаат секојдневно поради недоволно добрата организација, како и недостатокот на вакцини, заврши Јанушев.