Оваа сабота на големо задоволство имавме прилика да уживаме со голем број на граѓани кои решија да го посетат прифатилиштето на ЈП „Лајка“ со цел да дружат и забавуваат со кучињата, но и да донираат за нив.
„Пресреќни сме ние на големиот одзив, особено не радува што многу деца заедно со своите родители не посетија и имаа прилика да се едуцираат како треба да се однесуваат кон нивните миленици и кон бездомните кучиња кои ќе ги сретнат на улица. Среќата не можеше да се скрие од нивните лица, а и реакцијата на кучињата зборува повеќе и од зборови”, вели директорот на ЈП “ Лајка, Војислав Димитровски.
Целиот тим од срце упатува благодарност до сите граѓани на сите донации и на хуманоста кои ја направи ја вчера за кучињата во Лајка.
Во насока на ваквите донаторски иницијативи, би сакале воедно да и се заблагодариме и на Билјана Ангелова-Били, за нејзината голема поддршка кон ЈП Лајка и нејзиниот апел за помош за кучињата згрижени во нашето прифатилиште.
И благодариме и на талентирана Маре Вулкановска за прекрасните рачно изработени дела од камчиња кои ги донираше за ЈП ЛАЈКА и кои беа продадени за час. Средствата од продажбата се намените за храна и неопходни намирници за кучињата.
Ова е прв ОТВОРЕН ДЕН на ЈП ЛАЈКА со новиот директор Војислав Димитровски и по барање и голема желба на граѓаните, овие отворени денови ќе продолжат да стануваат се почеста пракса на претпријатието во иднина.