Клубот од Торино ја разгледува опцијата да го продаде 26-годишниот Французин за 15 милиони евра, пренесува „Калчомеркато“.
Според италијанскиот медиум, за трансферот на Рабио, Јувентус веќе имал разговори со премиерлигашот.
Претходно се дозна дека Јувентус може да го продаде Рабио за да му понуди висока плата на играчот од средниот ред Пол Погба, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе се врати во Торино од Манчестер јунајтед.
По 12 кола во Серија А, Јувентус се наоѓа на 8.место со 18 бода и биланс од пет победи, три нерешени и четири загубени натпревари.