– Спектакуларно најавуваната Кула за прочистување на воздухот беше најавена како револуционерен проект во 2017-та година по пример на големите светски метрополи која би требало да прочистува 30.000 м3 воздух и со тоа воздухот во Општина Центар да се прочисти за 70-75%. Ова ветување од денешна гледна точка изгледа како научна фантастика, а Градоначалникот не само што го вети и не го реализираше туку не успеа ниту во еден сегмент од неговиот четиригодишен мандат да го подигне квалитетот на живот во Општина Центар, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар.

Според нив, единствено што успеа Саша Богдановиќ да направи е една иста улица да ја асвалтира по два до три пати, и пред камерите да се жали дека некој друг е крив за неговата неспособност.

– Време е за промени во Општина Центар, промени кои ќе го вратат Центар во полн сјај како најубава Општина во Градот Скопје, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ ЦЕНТАР.