65-годишен возач од Србија е тешко повреден откако излетал со товарно возило на автопатот Скопје-Тетово.
– На 20.05.2024 во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од полицијата.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.