Така, за едно од лицата кои се на советничката листа на СДСМ за Струга, Никола Климоски, постои и полициски доказ дека е приведен за поседување на марихуана.

Во објавен полициски билтен од 5 јануари, стои: „Службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н. К. (34) од Струга, затоа што во близина на угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид, при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.