Бидејќи тој пратил барање до Државната здравствена комисија за измени на протоколот во Собранието и добил одговор на постоечки протокол за одржување на седници со потпис на д-р Жарко Караџовски.
– Поради пандемијата ја отворив темата за алтернативно работење на Собранието. Затоа сакав да воведам онлајн работење на пратениците, но опозицијата го одби тоа. И тогаш на 17-ти ноември минатата година поднесов барање за измена и дополнување на протоколот за работа на Собранието. На 18-ти ноември од Државната здравствена комисија добив акт со кој се одобрува под кои услови и под која процедура ќе се работи во Собранието. А тоа е во посебни простории и со посебно нивно движење низ Парламентот. И таму пишува дека доколку заразениот пратеник сака да присуствува на седница Собранието е должно да му овозможи услови зацртани во тој протокол, рече Џафери.