Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 67 килограми. За Македонија ова е прво златно одличје на Медитеранските игри.
Во финалната борба македонскиот репрезентативец беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со високи 6-0.
Белистојаноски запиша четири победи во низа и во ниту една од нив не остави простор за дилеми.
Во полуфиналето беше подобар од Гркот Балиотис со 5-1, додека претходно во четвртфиналето го совлада Италијанецот Мареска со 2-0.
