Административната целина наречена општина Аеродром прави смисла само ако ја гледаме како целина, како едно. Приходите, даноците, донациите, дотациите и проектите треба да доаѓаат од сите и да бидат за сите. Затоа ни треба рамномерен развој, функционална, фактичка, културна и емотивна поврзаност помеѓу Лисиче и Аеродром. Со еден збор припадност. А тоа се прави преку инфраструктурно, еколошко и архитектонски обмислено поврзување на овие два дела. Комплетна урбанизација на Лисиче (асфалтирани улици, улично осветлување, големи зелени површини, нови и/или реновирани градинки и училишта), и непречен развој на Аеродром како мотор што влече напред и поставува високи стандарди за урбано живеење.На општина Аеродром и треба визија за иднината, а не сечи-лепи решенија на 4 месеци пред избори, пишува Карчовски.