Бесплатен канцелариски простор за сите нови дејности/бизниси во општина Аеродром
Првиот чекор на долгиот пат кон успешен бизнис е секогаш тежок, а тогаш, неопходна е помош од најблиските. Но, следејќи примери од светски развиени економии, се забележува дека државата секогаш застанува зад идеите за отпочнување на нови бизниси. Во таа насока, би истакнал една предлог мерка која што е реално остварлива и тоа на локално ниво во општина Аеродром. Обезбедување на канцелариски простор за сите нови дејности во општината. Книговодители, архитекти, инженери, адвокати, дизајнери, маркетинг агенти и се останато што може да се сработи од канцеларија. Општина Аеродром треба самата да финансира изградба на простор/објект во кој секој ќе може да работи. Канцеларискиот простор во ова дигитално време станува премногу скап, а пандемијата покажа дека се’ повеќе луѓе ќе работат од дома. Овие заеднички работни простори, веќе широко етаблирани во големите градови се начин новите бизнисмени да можат во одреден период да користат простор/канцеларија за да одржат состанок или да работат сами. Со брз интернет, климатизиран објект, со сите потребни реквизити (проектор, флип чарт итн.), со кафемати и мала кујна, овој простор може да биде решение за сите оние кои немаат канцеларија, а мораат да работат и да држат состаноци во пријатна и професионална атмосфера. Аеродром е урбан и густо населен, добро ќе му дојде еден ваков простор. Ќе го личи!
ПС до промената на локалната власт, актуелниот градоначалник може да ја спроведе оваа мерка во новата зграда на општината, која што беше дел од неговата предизборна програма. Ја изгради или не, напиша тој на својот фејсбук профил
Карчовски со предлог: Бесплатен канцелариски простор за сите нови дејности во општина Аеродром
К
Јован Карчовски на својот фејсбук профил објави предлог мерка која добро би и дошла на општина Аеродром.