Општина Тетово, попладнево соопшти дека прекинати се сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура и друго.
– Врз основа на жалбите и поплаките на граѓаните за извршена работа надвор од потребните стандарди, ве известуваме дека градоначалникот на Тетово Билал Касами побара од Секторот за општински дејности и заштита на животната средина и природата да се прекинат сите работи кои се во овој сектор. Станува збор за сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура.
Од Општина Тетово оценуваат дека сега е потребно да се разгледа целата тендерска документација и се што е сработеното од страна на изведувачите на терен.
– Онаму каде што ќе се забележат неправилности ќе се преземаат соодветни мерки согласно законот, а таму каде работите се одвиваат според законот, работите ќе продолжат.