Градоначалникот на Тетово Билал Касами по завршување на настаните во Скопје и Тетово од посетата на косовскиот премиер Албин Курти објави видео на кое оди песната „Добредојдовте во Албанија“ со која му поска добредојде на гостинот. На видеото објавено на фејсбук се гледа пречекот на Курти на кој се вејат албански знамиња. На настанот немаше државни знамиња, ниту беше интонирана државната химна.
Реакции за кршење на законите имаше од премиерот Димитар Ковачевски и од претседателот Стево Пендаровски, кои побараа надлежните институции да постапат заради кршење на законите и протоколите.
Остри реакции за настаните во Тетово и Скопје за време на посетата од Курти имаше и од јавноста. Тетовскиот градоначалник засега нема одговор на реакциите.