Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил измамен за 3.200 евра, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес. Станува збор за 37-годишен жител на Кавадарци, кој случајот го пријавил вчера во ОВР Кавадарци.
Парите ги дал за наводна помош при лекување
Според пријавеното, во периодот од ноември 2025 година до пријавувањето, М.А. го довел во заблуда дека ќе му помогне при лекувањето на член на неговото семејство. Поради тоа, кавадарчанецот му предал вкупно 3.200 евра.
Полицијата го расчистува случајот
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
