Кардиологот Сашко Кедев, писателот Венко Андоновски, историчарот Драги Ѓоргиев се дел од имињата што се најдоа на листите на предложени кандидати за Македонската академија на науките и уметностите. Предлозите доаѓаат од одделенијата за избор на членови во работниот состав, надвор од работниот состав и за промена на статусот член на МАНУ надвор од работниот состав во статус на редовен член.
Предлози за избор на редовни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на Академија се дописните членови:
– Марјан Марковиќ од одделението за лингвистика и литературна наука;
– Драги Ѓоргиев и Изет Зеќири од одделението за општествени науки;
– Александар Димовски и Сашко Кедев од одделението за медицински науки.
Предлози на кандидати за избор за дописни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на Академијата, од сенати на универзитетите, од наставно-научни совети на факултетите и од совети на научните установи се:
– Веселинка Лаброска и Лилјана Макаријоска во одделението за лингвистика и литературна наука;
– Сашо Цветковски, Мируше Хоџа и Гордана Лажетиќ во одделението за општествени науки;
– Дијана Плашеска-Каранфилска во одделението за медицински науки;
– Зоран Хаџи-Велков во одделението за технички науки;
– Кирил Сотировски и Валентин Мирчески во одделението за природно-математички и биотехнички науки;
– Ангел Димовски-Чауш, Венко Андоновски и Лидија Капушевска-Дракулевска во одделението за уметност.
Предлози за избор на членови на МАНУ надвор од работниот состав поднесени од одделенијата на Академијата се:
– Татјана Вендина во одделението за лингвистика и литературна наука;
– Жозеф Глигоров во одделението за медицински науки;
– Петар Поповски во одделението за технички науки;
– Панче Наумов и Наташа Јоноска во одделението за природно-математички и биотехнички науки;
– Олга Панкина во одделението за уметност.
Предлогот за промена на статусот на член на МАНУ надвор од работниот состав во статус редовен член на Академијата се однесува на Димитар Ефремов од одделението за медицински науки.