Километарски колони возила вечерва се создадоа на граничниот премин Евзони, на излез од Грција кон Македонија. Метежот е предизвикан од големиот број туристи кои се враќаат од летните одмори, пренесе Курир.
Колоната започнува уште кај патарината
Според информациите од терен, колоната започнува уште кај патарината пред граничниот премин и се протега неколку километри. Возилата се движат отежнато поради зголемениот број патници кои во ист период се упатуваат кон Македонија.
Патниците со часови во возилата
Во моментов, за излез од Грција и влез во Македонија се чека околу пет часа. Долгото задржување дополнително го отежнуваат високите температури, па возачите и патниците се принудени со часови да останат во своите возила.
