Пресудите им биле донесени доцна синоќа, а извршувањето е одложено за две години. Според кинеската пенолошка пракса, ваквите казни по две години вообичаено се заменуваат со доживотен затвор, доколку осудените лица во меѓувреме добро се однесувале.
Осудениот поранешен функционер во локалното образование, Сатар Савут, и поранешниот правен советник, Ширзат Будвин, се најновите бирократи од Синџијанг, припадници на муслиманското малцинство Ујгури, кои се осудени под обвинение за загрозување на националната безбедност.
Пекинг тоа го нарекува кампања против „лицемерните службеници“, кои се обидуваат одвнатре да ја поткопаат кинеската Влада.
-И двајцата се изјаснија за виновни и нема да поднесат жалба, изјави Ванг Лангтао, потпретседател на Високиот суд на народот Синџијанг.
Случаите за национална безбедност се разгледуваат зад затворени врати.
Сатар Савут е приведен од 2018 година, а не е познато кога Ширзат Бавудун бил затворен.