Изградбата на историскиот автопат Охрид-Кичево ја разбранува јавноста. Рокот истекува до крајот на годинава а градежните работи тапкаат во место. По најавите од страна на премиерот Ковачевски дека ќе бара ревизија на проектот и врз основа на тоа најверојатно ќе следи раскинување на договорот со изведувачот и барање нов со свој став и охридскиот градоначалник Пецаков кој истакна дека станува збор за скандалозна и проблематична изјава која предизвикува сомнеж дека повторно би се исцрпувале милиони евра од буџетот на Македонија за воспоставување на криминална зделка.
Граѓаните се револтирани од доцнењето на изградбата на автопатот кој како што велат е небезбеден, неосветлен па поради тоа е причина плус за бројни сообраќајни несреќи. Tие се скептивци дека за брзо време ќе добиеме модерен автопат.
Изведувач на патот Кичево – Охрид е кинеската компанија Синохидро, а неговата изградба требаше да заврши во 2018та, но со анекс договори рокот беше три пати продолжуван.
Првично требаше да чини 378 милиони евра, но сумата двојно се зголеми, на околу 600 милиони евра.