Претседателот на Собранието Талат Џафери, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и координаторите на пратеничките групи од денеска до понеделник ќе го разгледуваат последниот предлог Деловник по одржаниот трет дијалог „Жан Моне“ во законодавниот дом.

Како што информира собраниската прес-служба, усогласениот предлог потоа на следниот „Жан Моне“ дијалог ќе се разгледува во полн состав на работната група за учество на дијалогот „Жан Моне“ и европратениците.

Работниот викенд ќе се реализира во Маврово, ќе се почитува концептот на дијалогот „Жан Моне“ и ќе биде без присуство на медиумите.

-По работниот викенд, ќе биде доставено соопштение од страна на Службата на Собранието до сите медиуми со информација за постигнатото, информираат од набинетот на Талат Џафери.