Лично се сомневам дека ова е воопшто нарачка на весникот Фокус бидејќи формулацијата на прашањето укажува на нарачка од власта на ДУИ и СДСМ. Она што јас го приметив во формулацијата на прашањата е дека прашањата се формулирани за да се следи наративот на ДУИ и СДСМ за можен расцеп во ВМРО-ДПМНЕ на партискиот рејтинг има прашање за ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека прашањата се формулирани се со цел следење на наративот и приказната на ДУИ и СДСМ за наводен расцеп на ВМРО-ДПМНЕ, но таков расцеп не постои и ВМРО-ДПМНЕ е единствено.

„Веќе станува пракса кога ќе се објави една анкета веднашка за чудо да се објавува друга анкета да прикаже друга вистина, за мене секогаш се чудам како е возможно така координирано во 1-2 дена да има објавување на анкети освен ако тие анкети можеби непостојат или се чуваат во одредени фиоки за креирање спротивни перцепции од она што било претходно објавено и тоа се случува постојано“, посочи Клековски.

Тој е дециден дека анкетите треба да служат за да се прикаже какво е расположението на граѓаните. Анкетите не се орудие за креирање лажни вистини и лажни перцепции.

Она што него како истражувач и аналитичар по некој минат труд го погодува е тоа што одредени агенции дозволуваат да бидат вовлечени во ова креирање на лажни перцепции.

„Скоро е невозможно дури и да е планирана активност две агенции да спроведат истовремено анкети и да ги објават скоро истовремено резултатите. Затоа за мене се создава сомнеж дали контра анкетата е навистина постоечка. Стратум работи политички рејтинзи подолго од една деценија еден долг период Стратум е релативно нова агенција на полето на партиски политички рејтинзи иако основачот не е нов во истражувачкиот свет значи основачот на Стратум е жена која е најдолго присуствува во истражувањето на Македонија“, посочи Клековски.