Во Белград – шести протест против насилството.

Граѓаните бараат одговорност од власта за начинот на кој реагираше на трагедиите, а главниот збор на сцената го имаа актери и професори.

Протестите се одржуваат по двете масовни убиства што ја потресоа Србија на почетокот на минатиот месец, а насобраните бараат одговорност од владата за начинот на кој реагирала на трагедиите.

Клучното барање е да се запре промовирањето на насилството на јавниот простор.

Дополнително, бараат разрешување на првите луѓе на МВР, безбедносната информативна агенција и членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.