На вечерашниот мини митинг во Вевчани, кандидатот за градоначалник Спасе Кочовски, истакна дека вевчанци веќе се определија за нова иднина, на 31-ви октомври ќе се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ, а заедно со сите граѓани промени ќе се случат во Вевчани, но и во цела Македонија.

Тој им посака успешен и продуктивен мандат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се мнозинство во Советот на општина Вевчани, им се заблагодари на граѓаните за присуството и за нивната поддршка во првиот круг и рече дека вевчанци веќе се определиле за нова иднина.

-Вевчанци избраа проекти и избраа промени, резултатите од првиот круг ми даваат за право со гордо крената глава да застанам пред вас и да ја побарам поддршката во вториот круг за да на 31-ви октомври се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, истакна Кочовски.

Тој рече дека довербата од граѓаните не ја бара за власт, туку во него вевчанци секогаш ќе имаат партнер кој заедно со општинската администрација ќе одговори на сите предизвици кои ги носи новото време.

-Вевчанци веќе избраа, новите промени ќе ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и новите градоначалници кои ќе ги донесат промените во Македонија, заедно со граѓаните во општините без поделби меѓу луѓето, посочи Кочовски во обраќањето во Вевчани.