Родители зборуваат за некаков камп “Sex Scouts & Rock n Roll“ подржан од Град Скопје, односно Шилегов и ХЕРА односно Мила Царовска. Средношколци, малолетни деца биле поттикнувани и присилувани да изведуваат активности, кои за нив биле непријатни, неприфатливи и за некои деца и шокантни, пишува таа.

Организаторите на настанот, кој патем во најголем дел се одвивал во шума барале од децата да:
1. Се соблекуваат голи
2. Да прават обоени отпечатоци од своето тело на хамер, вклучувајќи ги и половите органи
3. Да се бакнуваат по телото и во уста без оглед на полот и покрај тоа што на некои деца им било непријатно да бакнат другарче од ист пол
4. Да имитираат сексуален акт
5. Да ставаат кондоми на краставици и чорапи на машкиот полов орган
6. Има уште многу друго
7. Тие што одбивале да ги изведуваат дејствијата биле грубо бркани да се вратат сами дома, иако било ноќ и се наоѓале во шума
Откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени и Градот Скопје и ХЕРА се оградуваат. Тие не знаат за вакво нешто и немаат никаква врска со настанот.
Јас прашувам кој ја контролира работата на невладините организации? Кој ги одобрува програмите на вакви кампови? Дали Министерството за труд и социјална политика, или МОН знаат што се случува? Ако знаат КРИВИ СЕ, ако не знаат КРИВИ СЕ. Врз основа на што државата на невладините им доделува средства? За да организираат вакви кампови?
Друго што прашувам е која е целта на ваквиот камп? Што сакаат да постигнат организаторите? Ова секако не е сексуално образование кое треба децата да ги научи да препознаат насилие во сексот. Ова е насилие врз децата! Ги учеле ли овие малолелтни деца дека и против својата воља треба да се сложат на секс, дека и против својата воља треба да се сложат на хомосексуалност, дека и против својата воља треба да прифатат се’ сто ќе им се сервира како вообичаено, или напредно, со метод на присила? Присила да, затоа што ако одбиеле да сторат нешто што било барано од нив биле казнувани со викање, карање, потсмев и бркање ноќе во шума.
До таму ли стигна сексуалното воспитување на Мила Царовска? На Мила Царовска ли уште некој може нешто да и верува? На ХЕРА?
Сакате ова да се промени? Сакате безбедност за вашите деца? Сакате квалитетно образование за вашите деца?, напиша Јаневска.