Кој од СДСМ ги пушти сликите на Фрчко Џуниор?
Фотографијата со шмркање кокаин на која се гледа Јон Фрчкоски е сериозен удар за Бихаќка но пред се за фрчковистичкото крило во СДСМ, тврдат партиски извори на Бихаќка кои објаснуваат дека дел од раководството на партијата кое е блиско и под влијание на Љубомир Фрчкоски сега е во дефанзива и во иднина нема да може лесно да ги наметнува своите проекции за партиската стратегија, пишува Експрес.
Во ова крило кое што според изворите во СДСМ важи за интелектуалната елита на партијата, а неформално се организирало по Нова Година се дел од највисоките партиски функционери кои неретко имаат спротивставени ставови со лидерот Филипче.
Изворите потсетуваат на најновата ситуација во која „Фрчковистите” ја покажале својата моќ во партијата и ја наметнале својата стратегија за битка против владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Два различни пристапи во СДСМ
Првите денови по трагедијата во Кочани во партијата имало два различни пристапи за начинот на кој треба да се делува а кои ја збунија информираноста јавност.
Од една страна е лидерот Филипче кој на релативно умерен и смирувачки начин повика да се казнат виновниците и да има политичка одговорност.
Од друга страна паралелно со релативно умерената реторика на Филипче високи партиски функционери влегоа во дневно политички партиски пресметки со ВМРО-ДПМНЕ барајќи итна оставка пред се од премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при што користеа порадикална реторика.
Удар за „Фрчковистите“ во СДСМ
Изворите во СДСМ тврдат дека објавената фотографија на која се гледа како Јон Фрчкоски шмрка кокаин на работно место во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор е удар за сите „Фрчковисти” кои партиската опозициска стратегија за враќање на власт ја проектирале врз основа на тезите што во јавноста ги дава Љубомир Фрчкоски.
Неформалната истрага која во моментов се води во партијата за да се утврди кој ги споделил фотографиите на кои се гледа користење на тешки дроги од страна на Фрчкоски Јуниор може да доведе до уште поголем раскол во партијата.
Ако се утврди дека фотографиите биле споделени до јавноста преку луѓе блиски на Филипче со цел да се елиминира силното влијание на семејството Фрчкоски од партијата, неминовно е во СДСМ да дојде до ново прочистување во кое може да настрада дури и една потпретседателка која важи за експонент на тезите и политичките стратегии на Љубомир Фрчкоски.
Останатите членови на раководството на СДСМ кои не ја прифаќаат стратегијата на Фрчкоски сега се лути затоа што знаат дека фотографијата со користење на дрога на висок партиски функционер ќе има драматични последици по имиџот на партијата.
Погледнете ги фотографиите
(ФОТО) Синот на Фрчко шмркал бело на работно место како директор во ПУИК
Тие сега бараат одговорност за тоа што партијата дозволила Јон Фрчкоски да биде промовиран во директор на Центарот за анализи и истражувања на партијата и да држи прес конференции иако и тој самиот но и други луѓе знаеле дека за него има компромитирачки материјали на кои се гледа како користи тешко дроги.
Партиските изворот за expres.mk тврдат дека со оглед на тоа што Филипче е неприкосновен претседател на партијата и тој ќе биде избран за старо нов лидер, на следниот конгрес луѓето кои ги застапуваат тезите на Фрчкоски во битката со власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе мораат или да ја прифатат политиката на лидерот на партијата или да заминат од своите партиски функции.