Раде Баста е првиот министер во актуелната Влада на Србија кој јавно се изјасни за воведување санкции против Русија, оценувајќи дека цената што Србија ја плаќа за својата одлука станува неодржлива, пренесува Aljazeera.
Дали српската економија ги трпи последиците од одлуката на земјата да не воведе санкции кон Русија е прашање кое повторно се наметна со изјавата на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој најави дека одлуката може да се промени доколку граѓаните настрадаат поради тоа.
Ден по таа изјава немаше коментари, а од МНР најавија дека Дачиќ ќе се сретне со рускиот амбасадор во Белград.