Голема колона тенкови на руската армија се движи кон границата со Украина, односно кон Харков, јави Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен претходно објави дека најголемата војна денеска е околу Харков.

-Ова е нешто што го гледаме цел ден. Сè повеќе тенкови и друга тешка воена опрема се движат кон линијата на фронтот, рече дописникот на CNN од Белгород, Русија.

Тој изјави дека денеска се слушнале повеќе звуци на ракетни фрлачи отколку во изминатите денови.

Претходно висок претставник на американската одбрана посочи дека руските сили се соочуваат со „најжесток отпор“ на нивната инвазија на северна Украина во две области: кон Киев и кон Харков.