Зголемена фреквенција на возила на јужните гранични премини
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ денеска е забележана зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Сообраќајот се одвива непречено, можна е појава на одрони
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои опасност од одрони.
Таква можност има на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.
