Од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
– Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, велат од Министерството за здравство за „А1он“.
Засега на сила е полицискиот час кој започнува во 22 часот навечер и трае до 05 часот наутро. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој полициски час не вроди со плод, не е исклучена можноста од воведување на дополнителни мерки и скратувањето на работното време на угостителските објекти.