Министерството за здравство денеска соопшти:
-И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба
Комисијата на денешниот состанок, разгледувајќи ја епидемилошката состојба во државата констатирала дека лесно зголемување на позитивни од тестирани за Ковид-19 има во Скопје и Тетово.
Според анализите на Комисијата во Тетово, ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19.